ШЕСТ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО МАРСЕЈ

Шест лица се повредени во пукање што се случило во еден бар во Марсеј, соопшти денеска локалната полиција, пренесува Актуелно.

Пукањето се случило околу 21:30 часот во барот „Терминус“ во 15-от арондисман, кога вооружен напаѓач на мотор стигнал до барот и отворил оган, а потоа избегал.

Еден од шестмината повредени е во критична состојба.

Локалните медиуми шпекулираат дека нападот е поврзан со организиран криминал.