ОД 15 НОЕМВРИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА

На 15-ти ноември, почнува да важи законската обврска за зимска опрема во возилата.

Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Полицискиот службеник може ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) од  член 136 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.