| |

Весникот на МПО „Македонска Трибуна“ со слободен пристап

Весникот „Македонска Трибуна“, најдолго издаваниот имигрантски весник, основан од македонски Бугари во 1927 г. во Индијанаполис, веќе е со слободен онлајн пристап. Веста ја соопшти Нико Стојчев, активист на МПО, активен чинител во редовите на огранокот МПО-Пирин Чикаго.

„Денеска, со радост споделувам дека нашите долгогодишни напори, како огранок на МПО, ја крунисаа желбата на мнозинството од нашите членови, како и на јавноста, за СЛОБОДЕН И БЕСПЛАТЕН јавен онлајн пристап до „Македонска Трибуна“, најдолго издаваниот имигрантски весник, основан од македонски Бугари во 1927 година во Индијанаполис. Сега секој, без разлика дали е член на МПО или не, ќе има можност да го чита весникот онлајн, а во блиска иднина е планирано весникот да добие и формат на онлајн новинска платформа – веб-страница и профил тука, на Фејсбук, каде што ќе се споделуваат линкови до водечките вести на порталот во новите броеви“, пишува Стојчев во објава на социјалната мрежа Facebook.

Од неговата објава станува јасно дека останува опцијата за претплата на печатеното издание, кое има 11 броеви годишно.

„Можете да ги читате новите броеви и да му пишувате на уредничкиот тим со впечатоци и мислења, а зошто да не и со статии – како автори. Тековниот број на весникот можете да го најдете тука: https://macedonian.org/tribune-online/, пишува Стојчев.



Слични Објави