НАДЛЕЖЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ОБДУКЦИЈА НА 13-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ
Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност.

