МИНИСТЕРОТ АДЕМИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА ФАТОС РЕКА

Министерот за култура Асаф Адеми го прими амбасадорот на Република Aлбанија во Република Македонија Н.Е. Фатос Река …

На средбата во Министерството за култура, двајцата соговорници изразија задоволство од досегашниот степен на соработка во областа на културата помеѓу двете соседни и пријателски земји. Република Македонија и Република Албанија споделуваат слични интереси на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО.

Интензитетот на реализираните билатерални посети на сите нивоа е еден од најдобрите показатели за квалитетот на заедничките односи – истакна Министерот Адеми и уште еднаш ја истакна потребата од продлабочување на интензивната соработка помеѓу двете земји.

Албанскиот амбасадор Фатос Река го истакна значењето на взаемната поддршка во рамките на културната соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија , особено во делот на соработката помеѓу младите, наведувајќи ја поддршката на УНЕСКО за формирање на клубови од Македонија, заедно со своите партнери од Албанија реализираа неколку активности во рамките на проектот „Разбирање и почитување на културната разноликост – поттик за културна соработка за и од младите“.

Целта на проектот беше да се унапреди културната соработка меѓу младите од Р. Македонија и Р. Албанија, да се стимулира разбирањето и вреднувањето на културните разлики и традиции преку информатичко – комуникациските технологии.

Слични Објави