ЛИДЕРОТ НА АЛТЕРНАТИВА, АФРИМ ГАШИ: ВЛАДАТА ДА КАЖЕ КАДЕ ЗГРЕШИ ВО ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА, ВИСОКАТА ЦЕНА ЈА ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ
Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, претседателот на Алтернатива зборува за Договорот со Бугарија и ЕУ-интеграцијата. Во однос на прашањето дали смета дека треба да се направи одередена отстапка, кога сега главните барања на Бугарија и позиции се, според меморандумот, дека Македонците постојат од 1944, исто како и македонскиот јазик, лидерот на Алтернатива вели:
-Само ако да се навратиме наназад три години, на 1 август 2017 година, ќе се вратиме на изјавите на Борисов и Заев при потпишувањето на Договорот за добрососедство, со колку убави зборови се однесуваа едни кон други. Прашањето треба да им се постави на нив –Што ви се случи на вас за овие три години? Зошто ги нарушивте односите и се враќате на тие тврди позиции од деведесеттите. Некој има тука нешто има згрешено и мислам дека обострано има проблем. Јас не знам точно што се случува, но ако денеска имаме „закана“ дека Бугарија би го попречила интеграцискиот процес на државата, а пред три години сакаше да биде првиот промотор за интеграција на нашата држава во ЕУ. Нешто тука се случило. Треба тие актери да ни објаснат што се случило во меѓувреме. Зошто не е почитуван тој договор? Каде е погрешено? Оваа цена ја плаќаме сите граѓани. Не е ниту фер, ниту чесно, некој на сметка на своите партиски интереси да нарушува вакви процеси кои се однесуваат и на државата и на сите граѓани.