БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР ЦОЧО БИЛЈАРСКИ: ДРАГИ ЃОРЃИЕВ МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СТАНЕ ПРВ ЧОВЕК НА БУГАРСКИОТ ДЕЛ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ИСТОРИЈА

Бугарскиот историчар Цочо Билјарски во подолг авторски текст објавен на сајтот „Сите бугари заедно“, го поставува прашањето „На што да веруваме на тоа што го пишува и објавува или на тоа што го говори? “. Прашањето се однесува на првиот човек на македонскиот дел од Мешовитата македонско-бугарска комисија за историја проф. д-р Драги Ѓорѓиев.

loading...

Во својот коментар Билјарски истакнува дека Ѓорѓиев објавил повеќе дела со кои се докажува бугарскиот карактер на ВМОРО, населението на Македонија и секако етничката припадност на Гоце Делчев.

Билјарски е дециден дека проф. Ѓорѓиев може слободно да стане прв човек на бугарскиот дел од комисијата, бидејќи објавил повеќе документи и ги познава историските извори, подобро од сите историчари во комисијата.

Се разбира бугарскиот историчар не го пропушта моментот и да го постави прашањето дали Ѓорѓиев е македонски историчар или поредниот југословенски манипулатор.

Во материјалот објавен на сајтот „Сите Бугари заедно“ се објавени и насловите на делата кои ја потврдуваат бугарската позиција за Македонија.



loading...

Спомнати се книгите: „Амнестираните илинденци во 1904 г.“, „Турски документи за аферата „Мис Стон“, „Македонското прашање во османлискиот парламент 1909 г. “ и „Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908“.

Целиот напис на Цочо Билјарски можете да го прочитате овде.