ОНДЕ, ПОЗАДИ, ВО БЕЛОТО ТРЕБА ДА Е КАЛЕ…

Онде, позади, во белото треба да е Кале. Го имат снемано! Во моментов само во Сопиште луѓето дишат чист воздух. Во Гази Баба е опасно да се дише (ама вие инвестирате нели со 20.000 луѓе плус и уништување на саемот), во Кисела Вода (каде ќе инвестирате нели уште за 20.000 луѓе и 100 згради), во Маџир Маало и Карпош 4. Милина 💚

loading...

Е сеа, најважно е да се потрошат 200.000 евра на китење на градот за Нова Година, украси кои никој нема да ги види од маглата и тоа што сите треба да седиме дома. Исто е важно да се гради и да се гради, оти градежната мафија, упс инвеститори, сакаат да градат во Центар, Расадник, Аеродром..мора да се живее и да се вози скапа кола.

А вие градоначалничиња ќе поплочите уште некое зеленило и ќе направите бетонски парк и ќе ги лажете граѓаните дека тоа ќе им го замени зеленилото. Има ли Македонија и град Скопје стратегија за намалување на последиците на пандемијата и загадувањето, оти се тесно поврзани?! Умираме повеќе од загадувањето и од дебелина! Имате ли ВИЗИЈА како да бидат градовите и СКОПЈЕ позелени, што ќе смените, како ќе ги зголемите дрвата и зелените површини, како ќе го намалите сообраќајот, како ќе ги зголемите патеките за точаци, спорт, зелените зони во градот, како ќе ги натерате граѓаните да спортуваат повеќе и да се движат, оти умираме ко муви од дебелина?!

Големите градови веќе со месеци наназад имаат нови планови и стратегии за зголемување на зеленилото и намалување на гужвите и сообраќајот во градовите, за да им дадат на своите граѓани подобар квалитет на живот и повеќе шанда да ги преживеат пандемиите како Ковид19.А кај нас, заборавив, важно е да се гради, градежниците да се среќни и да заработуваат. Важно е да се вртат парички и сите да се напикаат во Скопје. Визија за градот и државата?! Пих, не е важно тоа, важна е ЕУ сега… приоритете се тоа, врска да се немало.

Fb статус на Жанета Трајкоска


loading...

Онде, позади, во белото треба да е Кале. Го имат снемано! Во моментов само во Сопиште луѓето дишат чист воздух. Во Гази…

Posted by Zaneta Trajkoska on Понеделник, 09 ноември 2020