| |

Ангелов: Очекувам да се случат само позитивни работи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија во 2023 година

Амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, ја оцени 2022 година како бурна година со нормалните подеми и падови во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, пренесува БТА.

Гледајќи напред, сепак, според Ангелов, се издвојуваат два позитивни тренда. За прв пат размената на стоки меѓу двете земји во 2022 година надмина 1 милијарда евра, што значи дека бизнисот ги следи позитивните трендови во нашите односи и напорите треба да се насочат во оваа насока, а учествува и армијата на Република Северна Македонија во баталјонската група на НАТО во Ново Село во Бугарија и мислам дека оваа соработка меѓу нашите армии е исклучително позитивна“, истакна Ангелов.

Според него, се уште има проблеми што треба да се решат, а тоа се правата на Бугарите во Северна Македонија, функционирањето на културните клубови и историската комисија, но „важно е да се покажат позитивните трендови, бидејќи ова е начин да ги надминеме тешкотиите и нашите односи да се развиваат“.

„Тие се чувствуваат дискриминирани, тоа е нивното чувство, имаме многу поплаки, ние не се мешаме“, изјави Ангелов, во одговор на прашање поставено од македонските медиуми, што им недостасува на Бугарите во РС Македонија.

Ангелов беше дециден дека прашањето кога Бугарите ќе бидат запишани во Уставот на земјата е интерно прашање, што треба да биде решено за да започнат суштинските преговори на РС Македонија со Европската унија.

„Се надевам дека следната година ќе се случат само позитивни работи и ние сме тука да градиме мостови“, изјави амбасадорот Ангелов за медиумите во Република Северна Македонија, откако претставници на амбасадата му оддадоа почит на бразилскиот фудбалер Пеле, кој почина вчера.

Слични Објави