|

ВМА: Состојбата на избодениот фудбалски навивач во Скопје пред една недела е стабилна

Состојбата на Драгомир Андонов, кој вчера беше пренесен во ВМА е стабилна и нема опасност по неговиот живот, известија од медицинската установа, јави БТА.

Андонов беше повреден минатата недела во Скопје, Република Северна Македонија. Пациентот е во одлична состојба, со стабилни и високи лабораториски параметри. Тој беше изваден од интензивна нега и сместен во стандардна хируршка клиника за да го заврши лекувањето и рехабилитацијата, додаваат од ВМА.

Бугаринот бил пренесен во четвртокот со лет на државниот хеликоптер Mi-8, LZ-CAT, во хеликоптерпот бил и тим на ВМА составен од д-р Александар Соколов и наредникот Марија Борисова, медицинска сестра за летање, од евакуационен модул на Воено медицинските модуларни формации.

Минатата недела бугарските фудбалски навивачи беа нападнати неколку минути пред почетокот на фудбалскиот натпревар од Конференциската лига меѓу ФК Шкупи и Левски Софија на стадионот „Тодор Проески“, при што еден од нив беше примен во болница со убодна рана во пределот на стомакот.

Слични Објави