|

Трамп прогласен за виновен, лажел за вредноста на својот имот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма ја „надувале“ вредноста на нивниот имот, пресуди њујоршки судија во тужбата поднесена од државниот обвинител Летиција Џејмс во која се тврди дека Трамп лажел за вредноста на својот имот.

Според Ројтерс, таа одлука на судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк во Менхетен ќе и олесни на државниот обвинител Летиција Џејмс да утврди отштета на судењето закажано за 2 октомври. Понатаму, во случај тој да биде прогласен за виновен, тоа значително ќе му отежне на Трамп да работи во земјата.

Енгорон, исто така, нареди откажување на лиценците кои дозволуваа некои од компаниите на Трамп, вклучувајќи ја и организацијата Трамп, да работат во Њујорк, и нареди да се назначи управител кој ќе се справи со распуштањето на компаниите.

Судијата опиша како Трамп, неговите возрасни синови Доналд Џуниор и Ерик, Организацијата Трамп и другите обвинети фабрикувале проценки и ја надувале нето вредноста на Трамп за да одговараат на нивните деловни потреби. „Тоа е свет на фантазијата, а не реалниот свет“, напиша Енгорон. Судијата ги казни и адвокатите на обвинетите за изнесување „бесмислени“ правни аргументи.

Трамп и другите обвинети тврдеа дека никогаш не извршиле измама и дека предметните трансакции биле профитабилни. Тие планираат да поднесат жалба на одлуката на Енгорон. Џејмс го тужеше Трамп во десеттиот месец минатата година, тврдејќи дека лажел за вредноста на имотот за да добие подобри услови за банкарски заеми, односно работењето на неговите компании.

Слични Објави