| |

Се разгледува можноста за воведување чартер-летови Крајова – Бургас и Крајова – Пловдив

Амбасадорот на Бугарија во Романија, Радко Влајков, на 30 јули го посети градот Крајова, каде што беше пречекан од градоначалничката Лиа Олгуца Василеску, јавува Радио Бугарија. Влајков и Василеску разговарале за различни теми од билатерален интерес, меѓу кои централно место зазело прашањето за потребата од назначување почесен конзул на Бугарија, кој ќе биде задолжен за развојот на културните, туристичките и економските врски меѓу Крајова, која во последните години се развива со многу голема брзина, и градовите и регионите во Бугарија, соопшти бугарската Амбасада во Романија на својата страница на Фејсбук.

Во текот на разговорот биле разгледани и можностите за воведување чартер-летови од Меѓународниот аеродром во Крајова до Бургас во текот на летото, како и од Крајова до Пловдив во текот на зимата, за искористување на можностите што ги нудат бугарските одморалишта во Родопите, Пирин и Рила.

Слични Објави