|

(Видео) Црвено-црна боја за ВМРО, златна боја за Илинден 1903, знаме со Владо Черноземски и подршка за повредениот другар

Кореографиja во црвено-црните бои на историското ВМРО, годината 1903 со златни букви и транспарент „Илинден мајко, за нас Бугарите Велигден“. Така навивачите на Левски Софија им изразија почит на борците во Илинденско-Преображенското востание за време на натпреварот со фудбалската екипа на Шкупи од Скопје.

Во публиката освен огромен број бугарски знамиња се вееше и знаме со ликот на Владо Черноземски. Навивачите истакнаа и транспарент во знак на подршка кон нивниот другар, што беше избоден во Скопје, и во моментот се наоѓа во Воено-медицинската академија во Софија.



Слични Објави