|

Амбасадата на Бугарија во Скопје му оддаде почит на Кралот на фудбалот Пеле- Ангелов: Тој беше првиот и беше најголемиот

Бугарскиот амбасадор во Скопје Н.е. Ангел Ангелов и неговиот тим во амбасадата на Република Бугарија, денеска му оддадоа почит на големиот бразилски фудбалер Пеле, нарекуван Кралот на фудбалот, кој вчера ја загуби борбата со туморот и нѐ напушти во 82 година од животот.

Тимот на бугарската амбасада симболично фрли една топка кон небото во чест на најголемиот фудбалер во историјата на овој спорт.

„Вчера почина кралот на фудбалот Пеле. Тој беше најголемата легенда на овој најпопуларен спорт на планетата. Тој беше атракција, сега имаме други кралеви или принцови, како Меси и како Роналдо, но тој беше првиот, тој беше најголемиот. Три пати бил светски првак и ние во знак на почит кон него и како фудбалер и како личност, која била инспирација на многу генерации луѓе, сакаме да ја изразиме својата почит со едноминутен молк и неговиот најомилен предмет- топката“, изјави амбасадорот на Бугарија, Н.е. Ангел Ангелов.

Слични Објави