Ковачевски: Носиме законско решение со кое граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични централи на крововите

/

Во однос на граѓани кога ќе можат да инсталираат на своите покриви, јас би кажал кога ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање на фотоволтаични централи на крововите на граѓаните, веќе е во изработка законско решение. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за законските измени за енергетика.

„Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа и тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал”, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека правилата за приклучување кои исто така се во надлежност на Министерството за економија и на кои се работи, при што ќе се обезбеди електрична енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот на електрична енергија и третото Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издава фактура на домаќинството кое не е даночен обврзник.

Дополнително во Осломеј е пуштена првата фотоволтаична централа од 10 мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две од по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 мегавати ќе бидат на приватни инвеститори едниот од Бугарија, другиот од Турција кои што на основ на јавно-приватно партнерство ќе ги изградат на старите наоѓалишта во Осломеј.



На аукции веќе се изработуваат фотоволтаични централи, во поголем капацитет бидејќи во неколку години наназад се избрани инвеститори кои инвестираат сопствени средства.

Со тие три решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати колку што е предлогот како и дуплирање на капацитетот за компаниите кои сакаат да стават на своите кровови ќе се олесни постапката односно ќе имаме постапка која ќе биде идентична со постапката и процедурите во западно европските држави каде најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи.



Претходна статија

Ковачевски: Со патот Извор – Гарски мост ги поврзуваме Кичево и Дебар со албанската граница за побрз економски развој

Следна статија

СЗО: Ширењето на мајмунски сипаници може да се спречи со правилни мерки

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да