| |

Д-Р. ЛАЗАРОВ: ВРЕЃАЈТЕ КОЛКУ САКАТЕ, НО НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМАМЕ ПОЛОША ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА

Д-р. Лазаров во својата последна објава посочува дека епидемијата е далеку од природен замор, напротив, како што појаснува, според науката, во текот на следнава недела ќе имаме уште полоша и потешка епидемиолошка состојба.

Во постот на Фејсбук, д-р. Лазаров пишува:

Минатата недела за Фокус имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден.
Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува а јас во тоа верувам и почитувам. Наредната ќе биде уште полоша бидејќи ништо сериозно и драстично не превземаме, убеден сум дека епидемијата е далеку од природен “замор” по она што го гледам кај моите пациенти, кои се одличен статистички примерок од повеќе аспекти. И минатата недела, еве и сега, пцујте и вреѓајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата. Јас имам обврска да зборувам вистина, простете, на кој не му одговара, нека не ме чита.



Слични Објави