|

ПОЖАРОТ КАЈ КРУПИШТЕ СЕ УШТЕ Е АКТИВЕН

Се уште е активен пожарот меѓу селата Крупиште, Пишица и Горни Балван во општините Карбинци и Пробиштип, јавува Канал 5.

Во моментов пожарникарите се во атарот на село Крупиште каде што гори сува трева, дрвја и нискостеблеста шума. Пожарот се гасне само со рачни пумпи и метли. Теренот е непристапен, бидејќи станува збор за ридски предел.

Пожарот е активен од вчера од 16 часот, а во моментов, како што велат пожарникарите, нема материјална штета. Изгорена е сува трева, дрвја и нискостеблеста шума.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Штип, Пробиштип, Кочани, комуналните претпријатија и вработени во ЈП „Национални шуми”.



Слични Објави