СЀ Е БОРБА И ЗА ТОА СМЕ НА ЧИСТО

Но, зошто скоро секогаш оние што се најгласни за борба, било каква, и против било што, таман ќе дојде време за борбата, мислиш сега ќе испаднат еден куп јунаци, баш тогаш нив ги снемува, и одма борењето станува нечија туѓа работа и должност?

За нас христијаните зборувам, џабе е да се утепаме молејќи се Бог да ги направи нештата што Тој во Писмото јасно и недвосмислено ни кажал ние да ги направиме, едноставно, не функционираат работите така, а и сигурно ние нема да бидеме првата генерација верници што ќе ги смениме Божјата волја и патишта. Може да пробаме де, ама на наша загуба.

На крај, замислете Давид да земеше да се моли и да се моли за Голијат да го снема, она „да го утепа“ со молитви, не другари, излезе машки, и го реши проблемот.

Е, тоа ни нас треба во овие разлигавени времиња.

Автор: Пастор Филип Иванов