Е. ЗАХАРИЕВА: ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО ГЕОГРАФСКА СМИСЛА Е МАКЕДОНСКО, НО ИСТОРИСКИ Е БУГАРСКО

//

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и одговори на претседателката на бугарската опозициона партија БСП, Корнелија Нинова, која побара реакција на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско востание.

Захариева возврати дека нема да прифати совети од партијата која ги предала коските на Гоце Делчев на Титова Југославија.



„Во врска со прозивките на Нинова до премиерот итно да ги одбрани бугарските национални интереси од премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој ги тестираше кревките темели на доброто соседство. Да, Илинденското востание географски може да се рече дека е македонско и тракијско, но историски е бугарско. Госпоѓо Нинова бидете мирни, Владата ги штити нашите национални интереси“, порача таа.

Претходна статија

ТИБО КУРТОА ОДИ ВО РЕАЛ, МАТЕО КОВАЧИЌ ВО ЧЕЛЗИ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: МАКЕДОНИЈА Е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА. ДО ОЈО НЕ ДОПИРААТ ТЕШКИТЕ КРИМИНАЛИ НА СДСМ

Најново од Вести