АДВОКАТОТ НА ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ЗАМИНУВА НА ОДМОР ВО ПЕРИОДОТ КОГА ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ РОЧИШТЕТО ЗА ,,ТНТ’’
Јовица Страшевски, адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски заминува на одмор и тоа во периодот кога треба да се одржи рочиштето за ,,ТНТ“ закажано за 13 јануари.
Страшевски одморот го зема од 8 ми до 17 ти јануари.
Судот смета дека ова е уште еден обид за блокада и одолговлекување на процесот и оттаму велат дека ќе поднесат претставка до Адвокатската комора и Судскиот совет .
Страшевски за Канал 5 вели дека поротничката во случајот,, ТНТ” поднела неотповиклива оставка до Кривичниот суд и дека истата не била прифатена .Тој исто така барал одложување на рочиштетео за ,,ТНТ“ заради верските празници кое првично било закажано за 17 јануари , но судот потоа го презакажал за 13 овој месец .
Целиот напис прочитајте го овде.
