Софиското обвинителство му одреди мерка за претпазливост на лидерот на проруската партија Атака, Волен Сидеров, заради нарушување на владините мерки во борбата против корона вирусот и закани врз обвинител и полицаец. На Сидеров му е одредена кауција во висина од 25 000 евра.
„На 14 .04 2020 година софиското обвинителство започна предмет против лицето Волен Сидеров заради закана кон обвинител и припадник на МВР. Во телевизиска емисија емитувана на 13.04 2020 година , Сидеров се заканил кон органите на власта со следните зборови: Да помислат тие што ми спремаат обвинение колку време ќе живеат. Тие што се сомелиле досега да работат против мене нема да ги биде.“
Против Волен Сидеров е покренато обвинение и заради тоа што попречил на униформено лице да му даде покана за информативен разговор во софиската дирекција за внатрешни работи.