| |

„СВЕТОТО ТРОЈСТВО“ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА!

Образованието, јавното здравство и социјалната заштита. Три клучни точки на нашето општество.

Министерството за труд и социјална политика го тресе скандал тежок 19 милиони евра. На самиот почеток на 2019 година се зголеми социјалната заштита за најранливата категорија на граѓани кои се приматели на социјалната помош за дури 300 % од досегашната.
Овде се поставува прашањето дали ова зголемување на социјалната помош, е всушност на товар на пензионерите?

Министерството за здравство т.е јавното здравство нема ден а да не избие некој нов скандал. По скандалите со докторите кои заминуваат од нашата земја поради ниската плата и лошите услови за работа тука е и изградба на новиот клинички центар кој никако да се изјасни Владата каде ќе го гради.
Најновиот скандал тежи десет милиони и седумстотини илјади евра за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Р.Македонија, за период од јуни-2018 до јуни 2020 година.

ГДУ прашува-чии бизнис- интереси, а не јавното здравје е оваа ујдурма?
Дали оваа е планирано сценарио за предизвикување паника, за да се оправда милионската набавка на вакцини?!

Според нацрт- извештајот на стручниот тим на Организацијата за економска соработка и развој, нашите најмлади а тоа се основците и средношколците се полуписмени!
Уште колку „државни советници, просветни испектори, секретари, вечни експерти“ ќе потпишуваат стотина меморандуми за соработка, рамковни конвенции, ќе прават заложби за реформи, а ни од далеку нема да се приближат на оние кои дирекно се вклучени во сите нивоа на образованието: родителите, децата и просветните работници?!

Министерството за образование со нов рекорден договор во „4 очи“, во вредност од 11 милиони евра ќе купува книги за средношколците кои ќе чинат 1,5 милиони евра, и за основците 9,5 милиони евра.
Оваа не е прв случај МОН да склучува договори во „4 очи“. Да потсетиме лани во август беа потпишани 27 договори, вредни 7,5 милиони евра.
Паралелно, сумата за учебници е повеќе од половина од буџетот на МОН за оваа година.

Овде се поставува прашањето- дали по втор пат ќе се набавуваат едни исти учебници, кои уште се чекаат да пристигнат во училиштата?!
Дали некој преку МОН враќа услуга преку тендер во „4 очи“, на партиските структури на власт, преку спонзорирање на кампањи на изборите? Дали 1,2 милиони евра се доволни за реновирања на училиштата во државата? Дали 490.000 илјади за набавка на интернет за училиштата и домовите и исто толку и за опремање на лабараториите на основните училишта? Дали санацијата на мензата во студентскит дом „Гоце Делчев“ со предвидениот буџет 440.000 евра воопшто ќе започне?

МОН за вкупно 2 години на власт платила вкупно 16 милиони евра за учебници, дополнителни дидактички и работен материјал.

Г-не Адеми и покрај огромните суми што државата ги вложува во учебниците, нас не фрапира податокот дека 50% од младите во Македонија се функционално неписмени!

ГДУ се залага за јакнење на улогата на просветните работници особено во рамките на основното образование. Укинување на одредени предмети и во основните но и во средните училишта. Намалување на број на ученици во паралелките, како и намалување на број на часови.

ГДУ исто така се залага за законско право на родителите своите деца да ги образува во домашни услови.

Во високото образование, Владата треба да се оневозможи законски да ја нарушува автономијата на универзитетот.Еднаш засекогаш академската слобода да започнува на самиот универзитет.

Затоа ГДУ од самото формирање предлага Владата и особено Министерството за образование и наука да престанат само да ги најавуваат реформите во образованието, и да преземат модел кој веќе функционира во европските земји, како естонскиот, шведскиот, германскиот па вклучително и словенскиот. Да ги преземе и да ги имплементира во нашиот образовен систем.

ГДУ прашува- дали воопшто и кога ќе се започне со реформи?

Ќе добијат ли основците и средношколците воопшто книги во овааа тромесечие? Дали тендерите во „4 очи“ воопшто се тендери за книги?
До кога странските стручни тимови и познатите светски магазини со своите експерти ќе ни укажуваат дека сме:

  1. Хибриден режим-според Британскиот неделник „Економист“
  2. Корумпирано општество- според Транспаренси Интернационал
  3. Полуписмена младина- според Организацијата за економска соработка и развој.

Тука секако остануваат и секојдневните популистички мерки на Владата со отпишувањето на долгови, тргањето од сцена на СЈО и ред други мерки со кои владата се труди да поентира пред изборите.

Дали ке стигневме до оваа дереџе ако имавме образован систем како што заслужуваат нашите граѓани?!

Автор: Фросина Китановска, член на УК на ГДУ



Слични Објави