| |

УТРЕ МАКЕДОНИЈА ГО ПОТПИШУВА ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

На покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, утре, 6 февруари 2019 година, ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет по повод потпишувањето на Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

На состанокот, на кој е предвидено и обраќање на министерот Димитров, 29-те земји членки, претставени од нивните овластени Постојани претставници во НАТО, ќе го потпишат Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

Со овој чекор ќе се заокружи еден значаен дел од пристапниот процес, по што следува процес на ратификација на Пристапниот протокол во националните Парламенти на земјите членки на НАТО.

По потпишувањето на Пристапниот протокол, Република Македонија ќе учествува на сите состаноци на НАТО, во својство на поканета земја.

Слични Објави