| |

КУРЦ: ЕПИДЕМИЈАТА ЗАБАВУВА , НО БИТКАТА СЀ УШТЕ НЕ Е ДОБИЕНА

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, денеска рече дека е постигнат напредок во спречувањето на ширењето на инфекција со коронавирус, но дека кризата сè уште не била надмината и покрај отворањето на помалите продавници, останале строгите мерки.

„Остваруваме добар напредок, епидемијата се забавува, но битката сè уште не е добиена и остануваат строгите мерки“, рече канцеларот Курц на прес-конференција.

Тој истакна дека Австрија оди во вистинската насока, но дека тоа е „првиот чекор на патот кон нормализација“.

На Австрија сè уште и треба голема дисциплина, рече канцеларот, заблагодарувајќи им се на Австријците за „неверојатното одрекување“, што го отвори патот за нормализирање на ситуацијата.

„Ве молам стрпете се бидејќи кризата сè уште не е надмината“, предупреди Курц.

Во Австрија, од денеска се отворени помалите продавници до 400 метри квадратни, како и поголемите продавници со градежни и градинарски материјали, со задолжително строги хигиенски стандарди, да носат маски и да се оддалечуваат.

Во Австрија биле заразени 14.069 лица, од кои 7633 закрепнале, а 384 починале.

Изведени биле 151.769 тестови.

„Стапката на инфекција е под три проценти за десет дена, а нашата цел е да достигнеме 0,0 проценти“, рече министерот за здравство и социјална грижа Рудолф Анхобер, предупредувајќи за одговорно и целосно спроведување на мерките за ограничување, така што бројот на ново заразени лица да не се зголемува “

Анхобер истакна дека првата фаза во контролата на инфекцијата е голем успех, но мерките за ограничување треба да останат целосно почитувани.



Слични Објави