| |

КОГА МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ГОЦЕ, ТОГАШ ХРВАТИТЕ И СРБИТЕ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ТЕСЛА

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, соопшти дека Србија испратила протестна нота до еврокомесарката за иновации, истражувања во културата, образование и млади, Марија Габриел, откако на веб страната на Европската унија беше објавено дека Никола Тесла е Хрват.
За ТВ Пинк Дачиќ изјави дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (за време на Втората светска војна), тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац.

Српскиот министер за култура и информации, Владан Вукосављевиќ изјави дека се надева оти институциите на ЕУ ќе и се извинат на српската јавност и дека таа „непримерна грешка“ ќе биде исправена без одлагање.



Слични Објави