СПАСОВСКИ БАРА ОСТАВКА ОД ЧУЛЕВ ЗАРАДИ ЛИТИЈАТА ВО СТРУГА

//

Оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со одржаната литија во Струга според премиерот Оливер Спасовски е морален чин. Непочитување на одлуките, неактивирање на полициски службеници да преземат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност, смета премиерот.

– Донесовме заклучоци и побаравме сите надлежни институции целосно да го расветлат целиот овој случај и за организаторите, за оние што присуствувале, оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и со тоа директно го доведуваат во прашање животот и здравјето на граѓаните да се отворат постапки. Побарвме и да се отвори постапка и во делот на организација на настанот во МВР – рече премиерот денеска одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Северна Македонија, а по повод 9 Мај.

Според него секако оставката е морален чин.



Ние, додаде, се наоѓаме во време што е ненормално, време кое не изместува сите нас од обичниот начин на живеење и време кое ќе бара нова нормалност во идниот период.

Претходна статија

КОГА МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ГОЦЕ, ТОГАШ ХРВАТИТЕ И СРБИТЕ ЌЕ ГО ПОДЕЛАТ ТЕСЛА

Следна статија

ТАТКО ИЗВРШИЛ ОБЉУБА ВРЗ НЕГОВОТО МАЛОЛЕТНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА

Најново од Вести