АВТОКЕФАЛНОСТА КАКО БЕРЗАНТСКО-БРОКЕРСКА ШПЕКУЛАЦИЈА

Еднаш, не многу одамна, кон крајот на деведесетите, се почна слично како и сега, за да заврши со најтешкиот удар врз полнотата и целовитоста на МПЦ-ОА во нејзината понова историја. Или, како што подоцна, еден од најистурените српски владици на македонските архиереи ќе им рече: „Ние како Јована баравме и чекавме човек 40 години“.

loading...

А, како почна се?

Младешки дух, енергија и себепромоција, завитката со голема доза на патриотизам, демострирање македонштина со удирање в гради и учество на партиски протести и митинзи на тогашната десничарска опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ветувања станови од црквата за трето дете на секое православно семејство, патриотизам и издигање на црковниот на ниво на национален идентитет, медиумска доминација, авторитет, успешно менаџирање на својот висок интелект за наметнување во општеството како „свежата интелегентна крв“ на МПЦ… Кој заборавил, треба да се потсети. Така изгледаше Епископот кој почна со титулата Дремвитцки…

Подоцна ќе се испостави дека најголемиот проблем всушност е ветрот в грб што го добиваше од останатите собраќа, членови на Синодот на МПЦ-ОА, а некои од нив подоцна во приватни разговори ќе ми признаат дека само тогашниот Поглавар, Архиепископот г.г Михаил бил во право кога одбил да учествува во неговото ракополагање за владика. Реченицата: „Јоване, ниту со тебе почнува Христијанството, ниту со тебе ќе заврши“, за жал денеска е само некаде во архивите од записниците на седниците од Синодот на МПЦ-ОА. Се потоа е историја….

Нешто повеќе од 20 години подоцна, се наликува како на сцени од веќе виден филм.

Младешки дух, енергија, горделивост уште од моментот кога го зема жезолот в рака и ја стави митрата на глава, себепромоција, повторно завиткана со доза на голем патриотизам и македонштина, веќе нескриена и улога на некаков телошки советник за црковно-национални прашања на една опозициска партија, претставуван насекаде како како „врвен интелектуалец“, кој „одлично ги познава актуелните црковно-политички превирања“… Најмладиот владика во Синодот на МПЦ-ОА, кој стана митрополит мимо црковно-правните одредби за избор на епископ, оставајќи зад себе финансиски скандал во Скопската епархија и кој се уште се чува во некоја фиока, ја репризира идентичната улога на „оној што Црковен Белград со години го чекаше“.

Дали во сопствената историја МПЦ-ОА ќе запише нова страница за лик кој повторно одработил против интересите на сопствената црква и го саботирал процесот на признавање на нејзината автокефалност, во многу ќе зависи од тоа дали неговите собраќа архиери ја научиле лекцијата од, сега веќе одамна покојниот, Поглавар г.г. Михаил.

ОПАСНА ЗАМКА ОБЛАНДИРАНА ВО КВАЗИ ПАТРИОТИЗАМ


loading...

Но, што всушност сега се случува во МПЦ-ОА?

Тазе митрополитот на Кумановско-осоговската епархија, Григориј, кој го замени сега пензионираниот Митрополит Јосиф, веќе извесно време заговара некаква нова црковна политика. Иако економист по образование, (важеше за брокерот на МПЦ) наметнува една чудна позиција, филувана со речник на виосока теологија, за да веројатно и додаде дополнителна вредност.

Кулминацијата е во последното негово интервју за дневниот весник „Вечер“, очигледно јасно наменски срочено, каде заговара една исклучително опасна замка во која треба да влезе МПЦ-ОА и од која веројатно никогаш во историјата нема да може да се ослободи.

Да бидам попрецизен. Отец Григориј се обидува да ја доведе во заблуда јавноста дека МПЦ-ОА греши што бара признавање на Автокефалноста од Вселенската патријаршија, па дури и цинично ги карактеризира постарите владици како „моќните дипломати“, притоа вешто користејќи обланда на патриотизам, заклучувајќи дека тоа ќе значи уривање на МПЦ, нејзино ставање во подредена позиција и секако главниот адут дека ќе го изгуби националниот македонски дух како црква на Македонскиот народ. За да ги поткрепи поубедително своите позиции, манипулативно на јавноста и сервира многу опасна теза, што обично голем дел од „фејзбукопатриотите“ сака да ја слушаат и особено да ја шират и споделуваат по интернет просторот, а тоа е дека СПЦ уште во 1959 година го изгубила правото врз Македонската православна црква.

Со други зборови, Григориј заговара МПЦ-ОА да си седи мирно и да си молчи се додека не се случи Вселенски Собор на сите православни цркви, бидејќи тоа е единствениот канонски пат за нејзината автокефалност.

Целата колумна на Марјан Николовски прочитајте на www.religija.mk