Денеска пресуда за онкологот Мери Пешевска што призна вина
Во скопскиот Кривичен суд пресуда за онкологот Мери Пешевска, која призна вина, која заедно со ексдиректорот на Онкологија Нино Васев и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти, јавува МРТ.
Според обвинителството, иако Пешевска изрази каење, последиците од дејствијата е што кај седум пациенти дошло до нарушување на здравјето. Според одбраната пак, Пешевска не треба да се третира како криминалец. Васев и другите двајца обвинети пред судот негираа вина.
Против Васев и поранешниот економски директор Нухи е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на набавката на лекови за онколошките пациенти.
