| |

Радев: Независноста е лекција за државничка мудрост

Денеска оддаваме почит на политичката зрелост на нашите предци кои ја прогласија Бугарија за независна држава – порача бугарскиот претседател Румен Радев во честитката по повод Денот на независноста, јавува БГНЕС.

„По 1908 година, нашиот народ многупати докажа дека ја има и волјата, и силата сам да ја определува својата иднина. Но независноста не е само историски датум, туку лекција по државничка мудрост што треба да ја следиме и денес. Наивно и опасно е да очекуваме друг да ни ги решава проблемите и да ги брани нашите национални интереси. Должни сме да ги следиме и да инсистираме институциите да ја исполнуваат народната волја. Да ги остваруваме своите демократски права,“ порача Радев.

Тој додаде дека независноста значи да бидеме суверени во односите со светот и слободни во изразувањето на нашата демократска волја. „Да ги браниме овие права од секое посегнување. Нашиот успех е можен само ако во Бугарија правото е тождествено на правдата, а Уставот и законите стојат над секоја политичка корист. Независноста на Бугарија денес е наш заеднички долг и заедничка одговорност,“ истакна претседателот Радев.



Слични Објави