ПО СРЕДБАТА ПАЛМЕР-ЗАХАРИЕВА: ЕВРОПА ДА ПОКАЖЕ ПОГОЛЕМ АНГАЖМАН ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

//

Европската унија мора да покаже поголем ангажман во земјите од Западен Балкан со цел да ја стимулира нивната евроатлантска интеграција. За оваа порака едногласно се согласија вицепремиерот и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева и Метју Палмер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Министерката Захариева го прими Метју Палмер во Министерството за надворешни работи како дел од неговата посета на Бугарија, што се одржува еден месец откако првиот стратешки дијалог меѓу Бугарија и САД се одржа во Софија на 8 јануари, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Граѓаните во земјите од Западен Балкан треба да чувствуваат што прави Европа за секој од нив лично“, рече Захариева. Таа истакна дека бугарската надворешна политика е крајно фокусирана на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, не само затоа што шесте земји се непосредни соседи на Бугарија, туку и затоа што е важно за просперитетот и безбедноста на целата Европска унија.



Екатерина Захариева и Метју Палмер изразија разочарување од недостигот на одлука на Европскиот совет за отворање на преговори за членство во ЕУ за Република Северна Македонија и Република Албанија. Двајцата се согласија дека таквата одлука е потребна што е можно побргу во рамките на хрватското претседателство на Советот на ЕУ, затоа што е важно за довербата и популарноста што вредностите на ЕУ и евро-атлантските сили ги има не само во овие две држави, но во целиот регион на Западен Балкан.



Претходна статија

АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ГРАДИ НОВА БАЗА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СИРИЈА

Следна статија

ЕКИПАТА НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“: НЕ ОСВОИВМЕ ОСКАР, НИЕ СМЕ СВЕСНИ ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ОВОЈ ФИЛМ

Најново од Вести