АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ГРАДИ НОВА БАЗА ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СИРИЈА

/

Армијата на Соединетите Американски Држави започна со изградба на нова база во североисточна Сирија, јавуваат локалните медиуми.
Американската воена база се наоѓа во градот Хасаки, еден од најголемите градови во североисточна Сирија.

Хасаки во најголем дел е контролиран од сириските Курди, но сириската влада и руските сили исто така имаат значително воено
присуство во градот.

Силите на САД контролираа поголем дел од територијата во источна Сирија до октомври, кога турските сили и нивните сојузнички милиции започнаа кампања против Сириските демократски сили
(СДФ).

Според официјални претставници на САД, во областа и натаму се наоѓаат околу 500 американски војници кои ги штитат нафтените полиња и спречуваат повторно појавување на Исламска држава.





Претходна статија

МЕРКЕЛ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА АНЕГРЕТ КРАМП-КАРЕНБАУЕР ДА НЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА КАНЦЕЛАР

Следна статија

ПО СРЕДБАТА ПАЛМЕР-ЗАХАРИЕВА: ЕВРОПА ДА ПОКАЖЕ ПОГОЛЕМ АНГАЖМАН ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Најново од Вести