| |

Милотинова: Бугарите во странство се наша мисија

Генералната директорка на Бугарската национална телевизија (БНТ), Милена Милотинова, изјави дека Бугарите во странство се „наша мисија“ и дел од „другата Бугарија“, која треба подобро да се запознае и почесто да се прикажува во медиумите. Таа говореше на средба со бугарската заедница во Ирска, одржана во Амбасадата на Бугарија во Даблин, јавува БТА.

„Бугарската дијаспора, која живее надвор од границите на нашата земја, е дел од Бугарија и тоа не е мал дел“, рече Милотинова, додавајќи дека нивниот живот, проблеми и успеси треба почесто да бидат присутни во националните медиуми.

Таа истакна дека БНТ планира да изгради „мост“ меѓу Бугарите во земјата и оние во странство и да го прикажува нивниот живот во сите програми. „Бугарската дијаспора заслужува повеќе внимание“, нагласи Милотинова, додавајќи дека ќе се потпира и на поддршката од самите заедници.

Милотинова ги опиша Бугарите во странство како „своеобразни амбасадори на бугарската култура“, кои преку неделни училишта, фолклорни ансамбли и културни активности ја промовираат Бугарија во светот.

Настанот се одржа во рамки на посетата на бугарска делегација во Даблин, која присуствуваше на велигденска служба на бугарски јазик на 12 април, предводена од митрополитот Антониј.

Слични Објави