| |

(Видео) Спасувањето на бугарските Евреи: Бугарски историчари со нови факти од британската архива

Во 1943 година британската влада предлага на царство Бугарија да евакуира во Палестина 8000 Евреи. Ова го откриваат научници од Институтот за историски истражува кон БАН и независното историско друштво. Тие истражувале документи кои се чуваат во британскиот Национален архив.
Бугарската влада добила предлог Евреи од царство Бугарија да се евакуираат во земјите на тогашна Палестина која во тоа време била под британско владеење. Тоа го покажуваат архивски документи на англиската амбасада во Швајцарија преку која царство Бугарија и Обединетото Кралство ги одржувале своите дипломатски односи за време на Втората светска војна.

Предлогот дошол во почетокот на 1943 година. Токму во времето кога геноцидот на нацистите врз Евреите бил најсилен.
,, Предлогот доаѓа во време во кое било невозможно Евреин да ја напушти Европа. 1943 година е најмачната и најкошмарната година за Евреите во Европа. Тоа е веднаш по ,, крајното решение ” кога визи за напуштање на Европа речиси и да не се издаваат”, вели Силвија Авдала, новинарка од Израел.
Британскиот парламент ги разгледува предлозите а бројот на потенцијалните емигранти е менуван повеќе пати.

,, За време на Втората светска војна има обиди за спасување на Евреи. Од тоа што може да се види од дебатите во британскиот парламент на 3 февруари 1943 година станува јасно дека официјалниот предлог за брзо спасување на огромна група Евреи од Европа е прифатена само и единствено од бугарските власти”, додава Авдала.
Во публикација на весникот ,,Зора” од 3 март 1943 година станува јасно дека е постигнат договор за евакуирање во Палестина на 4000 возрасни Евреи и 4000 деца. За жал, и покрај договорот ова не станува реалност.

Видеото погледнете го на следниот линк.

Слични Објави