| |

СУДСКИ СОВЕТ ЈА РАЗРЕШИ СУДИЈКАТА ТАТЈАНА МИХАЈЛОВА ПОРАДИ ЗЛОУПОТРЕБИ НА АКМИС-ОТ

Судскиот совет ја разреши судијката и екс претседателка на Кривичниот суд Татјана Михајлова поради нестручно работење.

Според информациите, главната причина се утврдените злоупотреби на АКМИС системот.

Михајлова беше судечкиот судија во случајот на СЈО, “насилството во Центар” и често пати влегуваше во жестока расправа со обвинителите од СЈО, а на едно од рочиштата ги казни Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра за „непочитување на судот”.

Подоцна предметот и беше земен, бидејќи од 1 јануари 2018 година, од одделението за организиран криминал беше прераспоредена во одделението за прекршоци.

Нејзиното име се спомена во судењето против Владимир Панчевски, кога стручна службеничка сведочеше дека панчевски како претседател на судот рачно го напишал нејзиното име и еден од големите звучни случаи кои таа треба да го суди.

Инаку, Михајлова ја извршуваше функцијата в.д. Претседател на кривичниот суд, откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски му истече мандатот.

Од судскиот совет ја потврдуваат информацијата, но не го отркиваат официјално идентитетот на судијката.



Слични Објави