| |

(ВИДЕО) ВМРО СО ДЕКЛАРАЦИЈА ПО ПОВОД 150-ТАТА ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА РЕВОЛУЦИОНЕРОТ ДАМЈАН ГРУЕВ

Пратеничката група на ВМРО во бугарското Собрание, која е дел од коалицијата Обединети патриоти, со Декларација го одбележа денот на раѓањето на големиот револуционер Даме Груев.

По повод 150-тата годишнина од раѓањето на Груев, пратеникот од редовите на ВМРО, Красимир Богданов, со емотивен говор ги запозна бугарските пратеници и бугарската јавност со ликот и делото на Даме Груев.

По неговата смрт познатиот хроничар проф. Љубомир Милетиќ по неговата смрт ќе каже: „Целата бугарштина тогаш го почуствува зададениот удар. Тогаш се виде колку скромниот Груев бил почитуван и вреднуван како вистински апостол на слободата“, а познатиот македонски револуционер и новинар Јордан Бадев, убиен без суд и пресуда по 9 септември 1944 г. ќе го нарече „Двојник на Левски на македонско тло“.

Слични Објави