Пендаровски: 20 години македонските мировници му помагаа на народот на Авганистан да живее стабилно

/

Заради нивната храброст, професионалноста и посветеноста, претседателот на државата Стево Пендаровски со Орден за воени заслуги ја одликуваше Армијата на РСМ, односно војниците кои учествуваа во мировните мисии во Авганистан.

Орденот му беше предаден на Полковник Фето Бајрами, командант на првиот контигент на македонска армија упатен во Авганиста.



-Во текот на овие 19 години, над 3300 припадници на Армијата учествуваа во оваа исклучително сложена меѓународна мисија. Првата ротација ја започнавме како кандидат, а последната ја завршивме како членка на НАТО. Кога денес ја сумираме оваа мисија, јасно е дека без учество во мисијата во Авганистан немаше да станеме членки на НАТО алијансата. Безмалку 20 години, македонските мировници му помагаа на народот на Авганистан да живее во постабилно опкружување и сето тоа без ниту една жртва од нашите мировници, изјави Пендаровски.

Претходна статија

Одбележан денот на АРМ, војниците кои беа во Авганистан добија орден за воени заслуги

Следна статија

До крајот на неделава во нашата држава со организирани летови, треба да пристигнат првите од вкупно 450 бегалци од Авганистан

Најново од Вести