| |

Младинскиот оркестар на Европската Унија, во чиј состав има тројца бугарски музичари одржа концерт во Берлин

Младинскиот оркестар на Европската Унија, во чиј состав настапуваат и тројца млади бугарски музичари, одржа концерт на 3 август во Концертхаус Берлин, соопшти Амбасадата на Бугарија во Германија на својата страница на Фејсбук, пренесува Радио Бугарија.

Во оркестарот учествуваат Јана Местдаг, Антон Георгиев и Вероника Венчарска, кои, како што велат од дипломатската мисија, достојно ја претставиле Бугарија.

„Горди сме на младите бугарски таленти Јана Местдаг, Антон Георгиев и Вероника Венчарска, кои достојно ја претставија Бугарија како дел од овој исклучителен оркестар“, наведоа од Амбасадата.

Оттаму посочија и дека овогодишната турнеја на Младинскиот оркестар на Европската Унија завршува во Варна.

„Особено нè радува фактот што овогодишната турнеја на оркестарот завршува во Варна, што го сметаме за симболичен крај кој го нагласува местото на Бугарија во европскиот културен простор“, се наведува во објавата.

Бугарската дипломатска мисија им посака на тројцата музичари „уште многу творечки успеси, инспирација и заслужени аплаузи на светските сцени“.



Слични Објави