| |

Ученик од Бугарија победи на Балканската олимпијада по информатика што одржа во Охрид

Даниел Којнов, ученик од гимназијата во бугарскиот град Шумен е победник на 31. Балканска олимпијада по информатика што во организација на Здружението на информатичари на Македонија деновиве се одржа во Охрид.

Тој беше прогласен за најдобар во конкуренција на педесеттина учесници од 15 земји од поширокиот Балкански регион.

Најдобар од домашните претставници на натпреварувањето е Дамјан Давков од Штип кој е ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, со освоен сребрен медал.

Како што беше истакнато на денешната церемонија на доделувањето на наградите за најдобрите учесници на Олимпијадата, целта на ваквите настани е поттикнување на соработка меѓу балканските народи и инспирацијата на млади таленти во областа на технологијата и иновациите.

На натпреварот во Охрид учествуваа ученици од РС Македонија, Бугарија, Албанија, Романија, Грција,Србија, Словенија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора и Италија. Дополнително, учество седоа и учесници од земји поканети како гости на Олимпијадата и тоа од Хрватска, Швајцарија, Полска, Украина, Саудиска Арабија.

Слични Објави