| |

Втори бугарски пилот го заврши основниот курс за летање со воен авион Ф-16

Втор бугарски пилот го заврши основниот курс за обука за летање со воен авион Ф-16 блок 70. Обуката се одржа во базата на американската Национална гарда во Тусон, Аризона, јавува Бугарското национално радио.

Во моментов, 8 пилоти се во различни фази од нивната обука. Според првиот договор, САД мора да обучат 14 бугарски пилоти.

Бугарија го очекува првиот авион Ф-16 во 2025 година. Компанијата за производство во декември објави дека започнала со склопување на првиот борбен авион Ф-16.

Бугарија исплаќа на рати уште 8 авиони. А очекувањата се дека целата ескадрила ќе биде во оперативна готовност во периодот 2029-2030 година.

Дотогаш, Министерството за одбрана се обидува да го продолжи животниот век на авионите МиГ-29 кои моментално се користат.



Слични Објави