| |

Првите 12 од вкупно 35 нови електрични возови за Бугарија се готови

Првите 12 електрични возови „Корадија стрим“ (Coradia Stream) на францускиот производител „Алстом“, наменети за Бугарија, успешно ги минаа постапките за прием во земјата, соопшти денеска компанијата, јавува БТА, пренесува Радио Бугарија.

Од „Алстом“ оценуваат дека тоа претставува важен чекор во реализацијата на проектот за испорака на 35 нови електрични меѓуградски возови за Бугарија.

Десет од композициите веќе се наоѓаат во депото на производителот во Бугарија, каде што продолжуваат тестирањата на националната железничка мрежа.

Договорот за набавката беше потпишан во април 2025 година и предвидува и услуги за одржување на возовите во период од 15 години, потсетуваат од компанијата во објава на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, бугарското Министерство за туризам предложило новите возови да носат имиња на бугарски планински врвови, природни знаменитости и објекти поврзани со Црното Море, со цел да се промовираат можностите за домашен туризам.

Предвидено е во возовите да бидат поставени QR-кодови преку кои патниците ќе можат да добиваат информации за туристичките атракции и можностите за посета на регионите низ кои минуваат композициите.



Слични Објави