(ВИДЕО) ДАЛАС ГО ОПУСТОШИ ТОРНАДО, ПОВЕЌЕ ОД 100.000 ЛУЃЕ БЕЗ СТРУЈА

//

Повеќе од 100.000 луѓе останале без електрична енергија, а многу згради биле оштетени кога торнадо го погоди Далас, соопшти Националната метеоролошка служба.

Метеорологот Џејсон Годвин изјавил дека радарот открил дека торнадото удрило недалеку од аеродромот Лав филд и се преселило североисточно во градот.

Градот Далас соопшти дека нема извештаи за жртви и сериозни повреди, пренесува АП.

Во соопштението се вели дека околу 112.000 луѓе биле без електрична енергија, од кои 60.000 во Далас, и дека е забележано протекување на гас северно од градот.



Локалните медиуми објавиле дека седум лица побегнале од зградата што се урнала, и дека се оштетени неколку домови и продавници.

Извор: Макфакс

Претходна статија

МОГЕРИНИ: ОДБИВАЊЕТО НА СКОПЈЕ И ТИРАНА Е ИСТОРИСКА ГРЕШКА

Следна статија

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО МИЛАДИНОВЦИ

Најново од Вести