Грдев: Бугарија нема да отстапи- РС Македонија треба да покаже дека ги негува европските вредности

//

„Знам каков е ставот на премиерот Кирил Петков во однос на темата за РС Македонија. Мислам дека нема да никаква промена по тоа прашање“ пишува во анализа за БГНЕС Димитар Грдев од партијата Има таков народ, поранешен шеф на комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент.

Во моментот станува збор за нов приод, којшто ќе додаде поголема дијалогичност со нашите партнери од РС Македонија и тоа неопходно. Во последно време се слушаше само ставот на РС Македонија во однос на нашиот спор. Чувствувавме дека меѓу нашите западни партнери се наметна една искривена претстава за ставовите на Бугарија. Имаше наметнато мислење дека Бугарија бега од диалогот и не покажува кооперативност. Тоа не е така и тоа ќе се разбере во кратки рокови. Сега колегите од РС Македонија имаат можност да учествуваат во повеќе дискусии и да видиме каде се проблемите. Ќе разбереме дали власта во Скопје е сериозна и дали Бугарија прави напори, и дали тие напори се стопираат.

Во однос на пакетот 5+1 и одговорите што ги добивме од власта во Скопје, ќе коментирам само еден нив. Последниот. Тој се однесува до тоа Бугарите да бидат внесени како државотворен народ во Уставот на РС Македонија. Што добивме како одговор од македонска страна: Тоа ќе се случи кон крајот на преговарачкиот процес за членство во ЕУ. Познато е дека преговарачкиот процес продолжува 5-6 г.

Негувањето на европските вредности, човековите права, недискриминацијата-тоа се основни европски вредности. Овде не се работи за некакво инаетење од страна на Софија, а за тоа дали РС Македонија и парламентот во земјата се во состојба да ги наметнат тие вредности врз сопствените граѓани и општество. Со еден збор, дали РС Македонија е подготвена да тргне по европскиот пат.



Основна обврска на Бугарија е да ги штити Бугарите, каде и да се наоѓаат тие. Тоа е основна обврска, но и темелна европска вредност. Во таа смисла, не гледам ниту еден европски политичар, којшто ќе не обвини дека ние не сме конструктивни или пак дека тераме инает. Убеден сум дека тоа ќе се разбере. Ние нека како да направиме компромис со тие вредности и права. Ние никогаш нема да прифатиме човек да биде дискриминиран по каква и да е основа, уште помалку за тоа што е Бугарин.

Во РС Македонија во последно време се води негативна кампања и сме сведоци што се случува, ако отворено го истакнеш својот бугарски идентитет. Тоа се основни нешта и Бугарија нема да отстапи од тие европски вредности. Наша стратешка цел е РС Македонија да стане дел од ЕУ, но тоа може да се случи само ако таа ги негува тие вредности“, стои во анализата на Димитар Грдев.

Претходна статија

Четири месеци условна затворска казна за недолични коментари за несреќата со автобусот на „Беса Транс“

Следна статија

СДСМ: Арсовска скандалозно го прекинува проектот за БРТ на штета на скопјани

Најново од Вести