| |

Колев: Татарчев јасно се изјаснил кој е, каков е неговиот мајчин јазик и за што се борел

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев, на својата официјална facebook страна со пренесување на тестаментот на д-р Христо Николов Татарчев,  еден од основачите на револуционерната Oрганизација и прв претседател на Централниот комитет, го одбележа денот на неговото раѓање.

„Кога зборуваме за правото на самоопределување, чувањето на идентитетот и јазикот, нема како да не одбележиме дека тие човекови права, кои се универзална европска вредност се однесуваат и на починатите. Додека биле живи тие децидно се изјасниле кои се, какви се, кој е нивниот мајчин јазик и за што се бореле. Секој има право да се самоопредели како што сака, тука нема спор, но истото важи и за тие кои одамна не се помеѓу нас.

Вечна слава на доктор Христо Татарчев, основач и прв претседател на Организацијата!

Д-р Татарчев оставил тестамент, завештание. Напишан своерачно, на три странички, во Торино, 1942-та, десет години пред смртта, тестаментот гласи:

„ – Јас, долупотпишаниот д-р Христо Николов Татарчев, населен во Торино, Италија, го напишав своерачно следниот тестамент, по слободна волја и целосно сознание без какво и да е надворешно вмешување или принуда, со кое го оставам во наследство на жена ми Софија, д-р Христо Николов Татарчева, Петро Логотети, која живее исто како и јас привремено во градот Торино, Виа Гилберти 24, целиот недвижен имот, идеалната половина дел од куќата која се наоѓа на аголот на улицата Цар Борис и Егзарх Јосиф во Софија, Бугарија и сите парични суми, кои се наоѓаат во бугарските и италијанските банки и ја правам моја единствена наследничка по тестамент, согласно законите на мојата држава Бугарија.
Моја желба е по нејзината… издршка до смртта, ако остане нешто од мојот идеален дел од гореспоменатата куќа да биде дадено по еднаков дел на општините кукушка и ресенска – Македонија, за просветно – културни цели, ако последните општини се во пределите на голема Бугарија; во спротивен случај да се даде за просветителни културни цели на општините на кој и да е македонски град кој останал под бугарска власт… Со овој тестамент ја изразувам последната моја волја и ги обезвреднувам сите претходни своерачни тестаменти напишани од мене. Овој тестамент го завршувам денес на шести јули илјада деветстотини и четириесет и втора година, во градот Торино, Италија во присуство на моите сонародници д-р Христо Манов, д-р Тома Флоров и архитект Никола Дулгеров, сите населени во Торино“, напиша Колев.

Слични Објави