ЕКСПЛОЗИЈАТА ОД „БОМБИ“ НА ФЕЈСБУК ОД КОРИСНИКОТ ЕЛ ЧЕКА ПРОДОЛЖУВА И ДЕНЕСКА

//

Лицето со прекар „Ел Чека“, на социјалните мрежи продолжува да објавува прислушувани материјали во кои тврди дека соговорници се високи функционери на ДУИ.

Експлозијата од „бомби“ на Фејсбук од корисникот Ел Чека продолжува и денеска. Само утринава, Ел Чека има објавено десетина бомби, а најавува и дека наредниот период ќе продолжи со истото темпо.

Во една од своите објави на фејсбук Ел Чека пишува дека во консултација со адвокат ќе ги објави сите материјали коишто ги поседува и оти потоа фајловите ќе ги испрати до ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје.

МВР информираше дека го лоцирале објавувачот и оти го известиле обвинителството, додека пак, објавувачот, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет и постојано објавува фотографии од себе.



Тој предупреди дека ќе продолжи со објавување на нови „бомби“, најавувајќи дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ. Ел Чека тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.

Претходна статија

ЗАЕВ: СО СЕКОЈ ИФТАР, ЗА ВРЕМЕ НА РАМАЗАНСКИОТ ПОСТ, ДА ЈА СПОМЕНЕМЕ И ДА Ѝ ДАДЕМЕ СИЛА И НА НАШАТА ЗАЕДНИЦА

Следна статија

ТРАМП СО УЦЕНА ЗА МЕКСИКО- 5% ДАНОК ДОДЕКА НЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО МИГРАНТИТЕ

Најново од Вести