Одбележуваме 84 години од смртта на големиот историчар и припадник на ВМОРО Христо Силјанов
На денешен ден пред 84 години во Софија умира поетот, историчар и мемоарист, виден револуционер на ВМОРО – ХРИСТО ИВАНОВ СИЛЈАНОВ. Тој е роден на 28 мај 1880 г. во Цариград. Татко му е од Охрид, но рано се преселува во престолнината на Османската империја. Учел во Бугарската гимназија во Солун, а после се префрла во Бугарската гимназија во Битола, каде се присоединува на ВМОРО. Извесно време бил егзархиски учител во Прилеп и во Лерин, од каде во 1902 г. преминува во илегала и пристапува во четата на Марко Лерински. За време на Илинденско-Преображенското востание се наоѓа во Одринско во четата на Михаил Герџиков, како заменик војвода и учествува во борбите за ослободување на Царево и Ахтопол. По задушувањето на востанието заминува за Софија. Во 1907 г. дипломира историски науки на Софискиот универзитет, а потоа докторирал во Швајцарија. Во 1908 г. е дополнителен член на задграничното претставништво на ЦК на ВМОРО. Во спорот меѓу левото и десното течение во ослободителното движење тој ги поддржува централистичките сфаќања и е симпатизер на десницата. За време на Балканските војни Силјанов е начело на чета кај војводата Васил Чекаларов во Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска. За време на Првата светска војна во март 1916 г. е уапсен и осуден на доживотен затвор за шпиунирање во полза на Русија. Кон крајот на 1918 г. е ослободен. По војните живее во Софија и се занимава со новинарска и публицистичка дејност. Во 1923 година тој е еден од основачите и уредник на Македонскиот научен институт во Софија.
“Испреплетена со своите подвизи и со својата крв великата илинденска епопеја, која го прослави во целиот свет, после жестокото задушување на востанието Буаринот во Македонија беше подвргнат на прогонства нечуени по својата жестокост. Од 1904 год. потоа Срби и Грци во сојуз со Турци со сите свои сили се нафрлија врз востаналиот роб со намера да го сломат конечно, да го кутнат мртов на земјата и врз неговиот гроб да го заиграт своето јудино оро.
Верата, восхитот и самопожртвуваноста, меѓутоа ја создадоа од македонскиот Буарин гранитната карпа, која опстоја на сите тешкотии и од која се разбија сите напади кои идеа од север и од југ и Бугарскот дух се наложи и опстоја до крај и покрај сите тешкотии и жртви: Илинденскиот подвиг е не само највишата пројава на боречкото напрегање во Македонија – тој е изкупителниот долг на целиот стремеж на Бугаринот кон слобода, пројавуван на секои 3-4 десетлетија во периодот на неговото робство од разни краишта на поробената земја…“