„ЈАБОЛКИ И КРУШИ ЗА УМЕТНИЧКИ ДУШИ” AКУСТИЧЕН КАБАРЕ КОНЦЕРТ

Истакнато Култура

Овој концерт е симбиоза на музика и театар и ќе ги исполни сите сетила на публиката, а ја издвојува Мијата како мултиталентиран артист која успева да раскаже приказна сублимирана од нејзините авторски песни. Домаќинска, Еден ден, Верувам во себе и други, публиката ќе ги доживее одново и на многу поинтимен начин .

Учествуваат: Мијата (вокал), Мето Јанакиевски (пантомима и физички театар), Ајхан Куртов (пијано), Кирил Туфекчиевски(контрабас), Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии), Ангела Здравковска (придружен вокал), Јелена Мијатовиќ (рецитации) Војо Цветановски (режија), Тања Рибарска (инспициент), Фросе Левковска (фото).

Aкустичниот кабаре концерт „Јаболки и круши за уметнички души” ќе се одржи во петок, 30 ноември 2018 во 20 часот.  Местото на настанот ќе биде во Камерната Сала на Македонска Филхармонија.