Доц. Гребенаров: Да се сетиме на илјадниците македонски Бугари, кои ја чувале бугарштината во Македонија со крст, перо и оружје

//

„Апелирам денеска да се сетиме на илјадниците македонски Бугари, кои ја бранеа бугарштината во Македонија со крст, перо, а кога било потребно тоа и со оружје“, изјави во интервју за агенцијата Фокус, доц. Александар Гребенаров, поранешен претседател на Македонскиот научен институт, по повод празникот Свети Дух. Објавен и за ден на Македонија.

Гребенаров вели дека од почетокот на 20-тите години на минатиот век, празникот Свети Дух влегол во календарот на национално ослободителното движење на македонските Бугари како Ден на Македонија.

„Легалните македонски организации заедно со ВМРО го слават овој ден со многубројни поворки во Софија и во другите бугарски градови населени со бежанци. Се отслужуваат панихиди во помен на дејците што го дале својот живот за ослободувањето на Македонија“, вели Гребенаров.

„За жал, оваа традиција беше прекината во нашата земја по Втората светска војна, за да не се иритира
Скопје, а исто така и поради наметнатиот атеистички дух, кој ги замени христијанските доблести “, објаснува историчарот.

Тој потсетува дека Денот на Македонија за првпат е обновен на 20 јуни 2016 година од страна на Македонскиот научен институт.

„Добро е тоа што одбележувањето на денот заедно со членовите на ВМРО и Здружението на бугарските родови од Македонија се претвори во традиција“, вели во интервјуто за агенција Фокус, доц. Александар Гребенаров.



Претходна статија

ДЗС: Околу 65 илјади лица лани биле корисници на социјална заштита

Следна статија

Владата утре ќе одлучува за намалување на ДДВ кај струјата и воведувањето еколошка такса на горивата

Најново од Вести