|

ДИК го заклучи избирачкиот список, со право на глас на локалните избори се 1,83 милиони гласачи и 112.000 од странство

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Во списокот се запишани вкупно 1.832.415 граѓани, од кои 1.717.803 се во редовните изводи. Според евиденцијата, право на глас имаат и 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 лица кои се наоѓаат во затвор или притвор, како и 450 граѓани сместени во установи за вонсемејно згрижување.

Во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, но во 132 од нив има запишано помалку од десет гласачи. За овие случаи гласањето ќе се спроведе на најблиското избирачко место со повеќе од десет избирачи, а општинските изборни комисии се задолжени да ги известат граѓаните.

До ДИК досега се поднесени четири барања за набљудување на изборите – од Центарот за развој, реформи и обуки за изборни системи од Грузија, Амбасадата на Словачка, Централната изборна комисија на Украина и Институтот за истражување и аналитика на политика „Ромалитико“ од Скопје.

Слични Објави