| | |

Одбележуваме 16 години од смртта на Милан Гоцев, внук на Гоце Делчев и кмет на Куманово во периодот 1941-1944 г.

На денешниот ден, 16 октомври во 2010 година, во Софија, на 104-годишна возраст, починал Милан Гоцев, правник и јавен деец, внук на Гоце Делчев.

Милан Гоцев е роден на 2 октомври 1906 година во Кукуш. Неговата мајка Тина Делчева, по брак Андонова, била сестра на Гоце Делчев. За време на Меѓусојузничката војна во 1913 година неговото семејство се преселило во Бугарија.

Средното образование го завршил во Третата машка гимназија во Софија, а потоа дипломирал на Правниот факултет на Софискиот универзитет. Работел како судски кандидат и како службеник во различни министерства и институции.

Во периодот 1941–1944 година Милан Гоцев бил кмет на Куманово. Во тоа својство ја изразил „својата радост што припаѓа на еден голем бугарски род, што духот на нивниот вујко ги водел во текот на целиот нивен живот и дека со ништо нема да дозволат да се помрачи неговиот светол спомен, кој ќе го чуваат како зеницата на своето око“.

Од 21 август до 9 септември 1944 година бил градоначалник и на Горна Џумаја.

Неговите спомени можете да ги прочитате на следниот линк во Библиотека Струмски.

Слични Објави