ДИМИТРОВ УТРЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ШПАНИЈА
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја.
Двајцата министри ќе разговараат за заокружување на процесот на ратификација на пристапниот протокол на нашата земја во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, како и унапредувањето на билатерланите односи.
Најавена е и средба на Димитров со претседателот на Долниот дом, Меричел Батет.


